logo
logo
logo

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

Vecer | 21.02.2026

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

фото: Barcelona (X)

Барселона е казнета со 30.500 евра за два инцидента за време на натпреварот против Славија Прага на 21 јануари, соопшти УЕФА.
Каталонците мора да платат 15.500 евра за пиротехника на своите фанови на средбата во Прага во Лигата на Шампионите и уште 15.000 евра за доцнење на теренот. Доцнењето му се припишува на главниот тренер Ханси Флик, кој доби официјално предупредување од дисциплинската комисија на УЕФА.

Од друга страна Славија Прага е казнета со 40.000, и тоа 20.000 евра за блокирање на излезите за навивачите и уште 20.000 евра за употреба на пиротехнички средства. Покрај тоа, делумното затворање на стадионот останува условна казна со двегодишен условен период.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk