logo
logo
logo

Реал „падна“ во Памплона, Барселона го напаѓа врвот (ВИДЕО)

Vecer | 21.02.2026

Реал „падна“ во Памплона, Барселона го напаѓа врвот (ВИДЕО)

фото: Real Madrid C.F. (X)

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем „кикс“ во 25-то коло од шпанската Ла Лига, откако на гостувањето во Памплона загубија од Осасуна со 2:1.

Реал со тоа го загрози своето прво место на табелата, бидејќи остана само два бода пред Барселона, која утре игра дома со Леванте.

Анте Будимир го постигна голот за Осасуна во 38-та минута од пенал со кој му донесе водство на домашниот тим од 1:0.  Реал се мачеше во остатокот од натпреварот, но успеа да постигне гол и да израмни во 73-тата минута. Федерико Валверде му асистираше на Винисиус Жуниор, а Бразилецот израмни на 1:1.

Шок за кралскиот тим стигна во 91-та минута од играта, кога поранешниот фудбалер на Атлетико (М), Раул Гарсија постигна гол по асистенција на Мора за конечни 2:1 за Осасуна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk