logo
logo
logo

УЕФА експресно и одговори на Португалија

Vecer | 29.03.2021

УЕФА експресно и одговори на Португалија

Португалија се жалеше до УЕФА поради поништениот гол на дуелот против Србија. Судијата не го призна погодокот на Кристијано Роналдо за победа, на крајот оваа средба заврши 2-2.

Во жалбата на тамошната федерација имало три барања: Да се воведе ВАР и сигнализација дека топката ја минала гол линијата. Свесни дека резултатот не може да се поправи, Португалците побарале казна за главниот судија на оваа средба.

УЕФА веднаш им одговори на барањата потенцирајќи дека имале намера да воведат ВАР, но поради Ковид-19, реализацијата не се исполнила.

„Уште во 2009 година и предложивме на ФИФА за ВАР технологија во квалификациите за СП. “Но, пандемијата на коронавирус имаше влијание на оперативните и логистички способности, поради што мораше да се одложи ВАР технологијата во европските квалификации за СП 2022 година“.

Засега нема инфомрација дали ќе бидат казнети делителите на правдата на оваа средба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk