Познато е дека во саботата фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио во сообраќајна несреќа беше потешко повреден. Последните информации велат дека тој веројатно ќе мора предвреме да ја заврши својата кариера.
Вечерва неговиот Вест Хем се среќава против Вулверхемтон, а повредениот фудбалер доби поддршка од фановите од трибините. Додека неговите соиграчи на загревање искочија со специјални дресови со бр.9 и на кои на сите им пишуваше Антонио, дресот на повредениот играч, со цел да му се даде поддршка и од нивна страна за својот соиграч.
Нема што, убав гест на Вест Хем.