logo
logo
logo

Тухел: Баерн има победничка ДНК, ме воодушевува начинот на кој работат тука

Vecer | 25.03.2023

Тухел: Баерн има победничка ДНК, ме воодушевува начинот на кој работат тука

Томас Тухел е промовиран како нов тренер на Баерн по отказот на Јулијан Нагелсман. Тухел стави потпис на договор до 30 јуни 2025 година.
Ова е голема чест за мене. Мојата искрена благодарност за довербата оди до Оливер Кан, Хасан Салихамиџиќ, Херберт Хајнер и Ули Хоенс. Дури и ако работиш некое време во странство, стануваш се повеќе свесен за важноста на Баерн. Баерн има победничка ДНК. Ме воодушевува и начинот на кој се работи тука. Тимот е еден од најталентираните и најдобрите во Европа. Тоа е нешто за кое навистина се радувам да работам со овој тим“, изјави Тухел.

Првиот меч ќе му биде против Борусија Дортмунд на 1 април, поранешниот свој клуб и главниот ривал во трката по титулата во Германија.
Предизвикот да се започне со натпреварот против Дортмунд не може да биде поголем. Тоа е многу важен натпревар поради нашиот дефицит на табелата и извонредната серија на БВБ. Но, ние ќе се обидеме да го решиме мечот во наша корист“, додаде германскиот стратег.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk