logo
logo
logo

Тудор и Јувентус си подале рака за нов договор до 2027 година, потпис во петок

Vecer | 11.06.2025

Тудор и Јувентус си подале рака за нов договор до 2027 година, потпис во петок

Јувентус и Игор Тудор се договорија за нов договор. Веста доаѓа откако претходно, генералниот директор на торинскиот клуб, Дамиен Комоли, потврди дека Хрватот ќе остане главен тренер на „бјанконерите“ и следната сезона.

Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека Тудор ќе потпише нов договор до јуни 2027 година. Комоли и директорот за фудбалска стратегија на тимот од Торино, Џорџо Киелини, имаат целосна доверба во Тудор.

Хрватскиот стратег го презеде Јуве во март оваа година. Под негово водство, тимот одигра 9 натпревари, во кои победи на пет, одигра три нерешени и загуби еден.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk