logo
logo
logo

Циркзе е пред договор со Манчестер Ј., доаѓа и Де Лихт

Vecer | 07.07.2024

Циркзе е пред договор со Манчестер Ј., доаѓа и Де Лихт

Манчестер Јунајтед сепак реши да му верува на Ерик Тен Хаг и го продолжи договорот со холандскиот стручњак, а двајца негови сонародници наскоро би можеле да му се приклучат на „Олд Трафорд“.

Англискиот клуб работи на засилувањата за новата сезона, а според последните информации Џошуа Циркзе веќе се договорил со премиерлигашот за личните услови и трансферот е многу блиску до реализација. За младиот Холанѓанец летово беа заинтересирани бројни екипи, но се поизвесно е дека Циркзе сепак ќе заврши на „Олд Трафорд“.

Покрај Циркзе во тимот би можел да дојде и неговиот соиграч од репрезентацијата Матијас Де Лихт. Стоперот не е задоволен од третманот што го добива во Баерн и решен е да ја промени средината. Де Лихт го истакна трансферот во Манчестер Јунајтед како приоритет, а клубот и играчот се договориле за условите, па останува Манчестер Јунајтед да се договори со Баерн за цената што ќе треба да ја плати како отштета.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk