logo
logo
logo

Треневски за „Дијамантот“: „Елмас е микс од Савичевиќ, Хамшик и Сон“

Vecer | 02.02.2021

Треневски за „Дијамантот“: „Елмас е микс од Савичевиќ, Хамшик и Сон“

Некогашниот тренер на Елиф Елмас во составот на Работнички, нашиот стратег Виктор Треневски во интервју за италијанските медиуми, зборуваше за новата ѕвезда на Наполи. Треневски веруваше во Елиф и го лансираше во составот на Работнички кога тој имаше само 17 години.

Последниот настап на Елмас и голот против Парма е момент за кој овие денови се зборува во Италија. Треневски вели дека уште првпат кога го видел Елиф знаел дека ќе биде еден од најдобрите фудбалери од ова поднебје.

„Едноставно, мислев дека тој ќе биде еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал заедно со Дарко Панчев и Горан Пандев, и тоа го кажав пред 5 години. Елиф е причината што дојдов да бидам тренер на Работнички. Кога го лансирав во првиот тим тоа беше отскочна даска и за него, но и за мене“, вели Треневски.

За работата со него македонскиот стратег дополнува:

„Не знам сега како се однесува во Наполи, но кога работев со него се сеќавам дека даваше максимум на тренинзите. Ако му кажете да направи 5 тренинзи во еден ден, тој ќе ги прави! Тој е момче со многу решителен карактер, но истовремено многу приврзано за своето семејство и со добро образование“.

За техниката и главните карактеристики во играта на Елмас, Треневски вели:

„Тој е разноврсен играч, со одлична техника. Тој треба да ги подобри своите шутеви и некои основи во последните неколку метри. Тогаш, многу зависи од тоа каде го играте. Елиф има способност да игра на повеќе позиции. Го гледам подобро кога игра поблиску до голот и кога има специфична задача да ја заврши на теренот. Една од неговите најдобри карактеристики е тоа што кога ќе му доверите задача тој секогаш ќе ја изврши”.

На прашањето на кого го потсетува од фудбалерите од минатото, Треневски додаде:

„Ме потсетува на некоја мешавина меѓу Савичевиќ, Хамшик и Сон“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk