logo
logo
logo

Тренерот на Сити урива рекорди: Никој како Пеп Гвардиола!

Vecer | 29.04.2021

Тренерот на Сити урива рекорди: Никој како Пеп Гвардиола!

Манчестер Сити синоќа го совлада ПСЖ среде Париз во првиот полуфинален меч во Лигата на Шампионите со 2:1 и е пред историски пласман во првото свое клупско финале во најквалитетното клупско натпреварување во светот.

Пеп Гвардиола се чини е на чекор да им донесе на “граѓаните“ тоа што они долго време го чекаат од него, а тоа “ушлето“ на „Етихад“.

Кога сме кај рекордите на Пеп, тој синоќа ја забележа својата 34 победа во нокаут фазата во Лигата на Шампионите, навистина нестварно.

Тој е стратегот кој има убедливо најмногу победи од сите останати тренери во оваа фаза од Лигата на Шампионите.

Неговиот тренерски квалитет дојде до израз со тоа што синоќа тој направи таква тактика што не му дозволи на еден Килијан Мбапе да упати барем еден шут во рамките на голот на Едерсон. Нешто што е незамисливо за еден од најдобрите фудбалери во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk