logo
logo
logo

Тренер до водителката: Ти бре треба да чистиш, а не да анализираш фудбал!

Vecer | 15.04.2021

Тренер до водителката: Ти бре треба да чистиш, а не да анализираш фудбал!

Така е тоа кога не можеш да поднесеш една девојка, инаку ТВ водителка, да ги критикува твоите очајни резултати, па во немање на аргументи почнеш да ја навредуваш.

Овие урнебесни сцени се случија во спортското студио во една ТВ емисија во Косово.

Водителката Кендреза Креланди го праша тренерот на Љапи, Тахир Бататина зошто се лоши резултатите на неговата екипа, и дека нормално е довербата кон него да биде загубена.

На ова тренерот зовре и почна да ја навредува симпатичната Кендреза, додека останатите во гости во студиото си фаќаа сеир.

Ти бре треба да чистиш, а не да анализираш фудбал. Каков новинар сте вие ако не знаете на која позиција е Љапи. Ти не си во светот на фудбалот. Не си ти мое ниво јас со тебе да дискутирам за фудбал. Вашето ниво не е ниво на новинар, почнувајќи од изгледот“ одговори Бататина.

Се разбира дека следуваше сочна реплика од Кендреза.

Вашето ниво како тренер е минус нула. Било кој друг тренер да ги има вашите резултати досега ќе беше сменет, но имате среќа што сопственици на клубот се вашите браќа, па така сега можете да правите што сакате. Да беше некој друг ќе црвенееше“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk