logo
logo
logo

Трајковски: Не сме без шанси, одиме на победа против Русија

Vecer | 19.02.2021

Трајковски: Не сме без шанси, одиме на победа против Русија

Бојан Трајковски беше еден од четворицата играчи во нашата селекција кои премиернито меч од квалификациите за ЕП 2022 во Перм против Италија, го завршија со двоцифрен број на поени. Но, овој меч е зад македонската репрезентација, по само 24 часа, следи нов предизвик, пресметката со домаќинот на турнирот, Русија (15.30 часот).

„Нема да менуваме ништо. Она што го одигравме вчера вечер со Италија, ќе го играме и против Русија. Одиме на победа против домаќинот. Одиме да си покажеме на самите себе дека можеме да играме со големите репрезентации. Штета е што добрата игра со Италија не ја наградивме со победа. Но што е тука е, на крајот на денот излеговме со кренати глави по тој натпревар, кој ни даде некои насоки каде би можеле да ја унапредиме нашата игра“, вели Трајковски за официјалната страница на КФСМ.

Русија игра малку поразлично во однос на Италија. Не форсираат шут како Италијанците, имаа доста подолги напади.

„Ниту еден меч не е ист, па таков нема да биде ниту денешниот со Русија. Сепак, домаќини се. Имаат потреба од уште една победа, и јасно е дека ќе притиснат, во желба да го осигураат пласманот на ЕП. Можеби имаат поспор напад, но имаат доста висока постава, која ќе ни прави проблеми во нападот. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на овој меч, и дека не сме без шанси за успех“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk