logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Млад фудбалер извршил самоубиство зашто екипата не му го продолжила договорот

Vecer | 11.11.2022

ТРАГЕДИЈА: Млад фудбалер извршил самоубиство зашто екипата не му го продолжила договорот

Шокантни вести доаѓаат од Аргентина, каде што младиот фудбалер Самјуел Ребољо се самоубил откако неговиот тим Атлетико Алдосиви решил да не му го продолжи договорот, објави СПОРТ1.

Младото момче пристигнало во екипата минатата сезона и одиграло неколку натпревари со резервниот тим во четвртата лига, но раководството му соопштило да си бара нов клуб по крајот на сезоната.

Тоа не можел да го преболи 20-годишниот фудбалер, кој очекувал да го потпише првиот професионален договор со аргентинскиот прволигаш.

„Жалиме поради смртта на Самјуел, играч кој беше дел од нашиот клуб минатата година. Раководството, тренерите, колегите и пријателите се збогуваат од него и ќе го паметат како одлична личност, која секогаш беше посветена на тимот“, соопштија од екипата, пренесе СПОРТ1.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk