logo
logo
logo

„Топчиите“ го шокираа Челзи на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Vecer | 12.05.2021

„Топчиите“ го шокираа Челзи на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Големото лондонско дерби вечерва го добија фудбалерите на Арсенал, кои со 1:0 славеа на „Стемфорд Бриџ“ против финалистот во Лигата на шампионите, Челзи. Победата за момците на Артета се уште носи големи шанси за место во европските купови следната сезона, но Челзи го става во незгодна ситуација до последните 90 минути сезонава да трепери за 4. место кое води во ЛШ.

Иако „сините“ до ЛШ можат и преку финалето со Манчестер Сити, сепак, ТОП 4 пласманот им е многу посигурна варијанта, но тој вечерва беше загрозен од неочекуваниот пораз од Арсенал на домашен терен. Единствениот гол за гостинска победа беше дело на Смит-Роу во 16. минута од мечот, само неколку минути откако Каи Хаверц промаши зицер.

Челзи и во вториот дел беше далеку подобар тим од Арсенал, успеа да погоди преку Пулишиќ, но од офсајд, а во финишот Жиру двапати ја погодуваше рамката од голот на гостите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk