logo
logo
logo

Томас Тухел се враќа и тоа како селектор на Англија!?

Vecer | 15.10.2024

Томас Тухел се враќа и тоа како селектор на Англија!?

Фудбалската репрезентација на Англија моментално ја предводи Ли Карсли, а од Фудбалската асоцијација бараат нов тренер кој ќе ја продолжи работата во националниот тим. Првичната желба на ФА беше Пеп Гвардиола но сватија дека нема шанси да го ангажираат, па седнале на маса со германскиот стратег Томас Тухел.
Идејата е Тухел да започне со работа од јули, секако доколку двете страни се договорат, а за Германецот тоа би бил прв ангажман како селектор.
Досега Тухел работеше како тренер на Мајнц, па на Борусија Дортмунд, па ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен и моментално е слободен.
Тој важи за трофеен тренер, со Дортмунд го освои Купот (2017), со ПСЖ два пати Лига 1 (2019 и 2020), Купот на Франција и Лига купот (двете во 2020), Суперкупот на Франција (2018 и 2019), а со Челзи Лигата на шампионите (2021), Суперкупот на УЕФА (2021) и Светското клупско (2021) и со Баерн ја освои Бундес лигата (2023 година).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk