logo
logo
logo

Толку од Силвињо: Албанија има нов селектор!

Vecer | 19.05.2026

Толку од Силвињо: Албанија има нов селектор!

ФОТО:fshf.org/sq/

Италијанскиот тренер Роландо Маран (62) е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Албанија, објави националната асоцијација.

Маран потпиша договор со ФС на Албанија до крајот на 2027 година, а ќе го замени бразилскиот стручњак Силвињо на клупата. Во текот на својата кариера, Италијанецот работеше исклучиво во својата татковина, каде, меѓу другите, ги водеше Бреша, Бари, Џенова, Каљари и Киево, а ова ќе биде негов прв селекторски ангажман.

Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Асоцијацијата што ми ја даде оваа можност. Исто така, сакам да му се заблагодарам на Силвињо за неговите зборови и да му честитам за сè што направи низ годините. Внимателно ја следев албанската репрезентација, направивте добра работа во минатото“ – рече Маран откако беше промовиран на позицијата селектор на Албанија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk