logo
logo
logo

Поради Мареска: Челзи спрема тужба против Манчестер Сити?!

Vecer | 19.05.2026

Поради Мареска: Челзи спрема тужба против Манчестер Сити?!

фото: Chelsea (X)

Синоќа од Островот дознавме ексклузивна вест дека Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити во недела, по една деценија водење на клубот, и дека Енцо Мареска, со кого претходно работеше на „Етихад“, ќе го заземе неговото место.
Веста што се прошири во Англија за враќањето на Италијанецот на „Етихад“ ги налути челниците на Челзи, кои го сметаа овој потег на Мареска за предавство, откривајќи ги задкулисните дејствија што ги спроведувал со „граѓаните“ дури и додека бил вработен на „Стемфорд Бриџ“.
Иако разделбата на Мареска со Челзи беше релативно тивка на почетокот на годината, британскиот „Телеграф“ објавува дека лондонскиот клуб ќе се обиде да ги расчисти работите преку правни средства, откривајќи ги деталите што претходеа на разделбата.
Истиот извор потсетува дека постапката е јасна и подразбира дека пред каква било тужба против Сити, Челзи мора да поднесе жалба до Премиер лигата, која треба да спроведе внатрешна истрага во рамките на клубот.
Поради сето погоре наведено, се очекува Сити да го пролонгира назначувањето на Марсека колку што е можно повеќе, кој самиот не беше спремен денес да разговара со медиумите на оваа тема. Како што објавува „Гардијан“, бидејќи Мареска има уште три и пол години од договорот по заминувањето од Челзи, лондонскиот клуб го задржува правото на обештетување, што значи дека Сити мора да плати обештетување за ангажирањето на Италијанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk