logo
logo
logo

Тинејџерот блескаше, Ливерпул сигурен против Фулам!

Vecer | 11.04.2026

Тинејџерот блескаше, Ливерпул сигурен против Фулам!

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/

Сигурна победа на Ливерпул со 2:0 против Фулам во 32-то коло од Премиер лигата, и тоа на домашен терен. Во 13-тата минута, солидна шанса за Ливерпул, Мохамед Салах, се приближи, но ја одбрани голманот на Фулам, Лено.
Сепак Лено мораше да ја извади топката од мрежата, беше 36-тата минута кога младиот Рио Нгумоха кој има само 17 години и просто блескаше, шутираше во спротивниот агол и постигна гол за 1:0.
Само четири минути подоцна уште еден гол во мрежата на Фулам, Нгумоха повторно повлече, ја испрати топката во средината, Гакпо му додаде на Салах кој шутира и постигнува гол за 2:0.
Гакпо имаше шанса гостите да постигне гол, но не успеа во тоа, а гостите имаа добра шанса да го намалат резултатот преку Смит-Роу, кој беше малку непрецизен.

Конечно тимот на Арне Слот одигра квалитетно како што му доликува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk