logo
logo
logo

ИСТОРИЈА: Баерн Минхен со 105 голови го урна рекордот во Бундес Лигата! (ФОТО)

Vecer | 11.04.2026

ИСТОРИЈА: Баерн Минхен со 105 голови го урна рекордот во Бундес Лигата! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/

Каков Баерн? Страшен, монструозен Баерн! Нека му ја мисли Реал Мадрид во среда. “Баварците“ и дефинитивно посегнуваат по 35-тата титула шампион на Германија, а вечервашниот натпревар против Ст. Паули на гостински терен ќе се памети и по новиот рекорд што го постави Баерн за бројот на голови во една сезона во Бундеслигата. Сега рекордот е 105 голови, ама секако дека ќе биде подобрен ако се знае дека до крајот тимот на Винсент Компани има да одигра уште пет натпревари.


Како што се очекуваше, Баерн оствари рутинска победа, натпреварот заврши со резултат 0:5, па повторно имаат 12 бода повеќе од Дортмунд, на пет кола до крајот на сезоната, а сега само треба математички да ја потврдат титулата, што може да се случи веќе во следната рунда, а Ст.Паули.

Стрелци на головите беа Мусиала во 9.минута, потоа Горецка во 53., па Олисе две минути подоцна, Џексон во 64.минута донесе водство од 0:4, за да во Гереро во 88.минута ги постави конечните 0:5.

Да, пет гола а ниту еден на Хари Кејн кој беше на клупата и не влезе во игра, а и не бепе потребно ако се знае дека во среда следува реваншот од 1/4 финалето во ЛШ против Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk