logo
logo
logo

ТИМ НА 32.КОЛО: Чудесниот Бесарт Ибраими...

Vecer | 10.05.2021

ТИМ НА 32.КОЛО: Чудесниот Бесарт Ибраими...

И така веќе шест години. Кога Бесарт Ибраими е расположен за игра, за голови, тогаш Шкенија победува, тука нема дилеми. Така беше и вчера во Ѓорче. Два ефектни гола за 2:0, потоа доволно беше само учествува во опасните акции пред домашниот гол. Одлична партија и на Алими, кој стави печат на победата на шампионот, тука секогаш е и агилниот Павич. Работнички одигра одлично со Силекс, победи со 3:1, а младите Марио Станковски и Димитар Тодоровски беа феноменални. Борец ја победи Ренова и се спаси од баражот. Голманот Ѓоргиевски на 0:0 му фати пенал на Селмани, Мишов стрелаше за водство, а искусниот Шиков беше добар во одбраната. Алтипармаковски од пенал и донесе победа на Струга ТЛ, победа која може да значи и Европа.

А. Пандев ја победи Беласица, Паноски ги начна домашните, а Илиески од Пелистер уште еднаш одигра квалитетно во одбраната која не му дозволи на Шкупи да победи.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БЕСАРТ ИБРАИМИ

Тим: Шкендија

Роден: 17.12.1986 во Кичево

Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис, Шкендија


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk