logo
logo
logo

ТИМ НА 20.КОЛО: Кога Маца игра и Струга ТЛ победува...

Vecer | 01.03.2021

ТИМ НА 20.КОЛО: Кога Маца игра и Струга ТЛ победува...

Струга ефектно успеа да ја победи Беласица и тоа на нејзин терен, и тоа најмногу благодарени на извонредната партија на искусниот офанзивец Марјан Алтипармаковски. Веројатно ова на Маца му беше најдобриот меч воб дресот на стружани. И не само што го даде првиот гол за својот туку одигра и во поле токму онака како се очекува од него. Покрај него од Струга ТЛ во тимот на колото е Нијаз Лена.

Пелистер убедливо ја доби Ренова, Гоудиаби, Размоски и Илиески беа одлични и затоа се во тимот на колото. Не паметиме кога троја пелистерци се во идеалниот состав на СПОРТМЕДИА.

Јанков со неколку супер одбрани на голот на Работнички покажа дека е голман од највисок калибар. Карчески и Дурански кај кратовци беа тие кои се издвојуваат од тимот на Силекс на саботниот меч. Шкендија го победи Вардар, Алими и Мурати постигнаа супер голови, посебно оној на Алими кој е убавец на колото. Академија Пандев, посебно нејзината одбрана под водство на Серафимов одигра добро на Чаир и му “лапна“ бод на Шкупи.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН АЛТИПАРМАКОВСКИ

Тим: Струга Три Лум

Роден: 18.07.1991 во Битола

Кариера: Пелистер, Ксанти, Работнички, Интер Запрешиќ, Судува, Сараево, Љачи, Пирин, Струга Трим Лум


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk