logo
logo
logo

Тиквеш го доби дербито со КЛ7 за целосна перфекција, Прилеп лесно во Струмица

Vecer | 10.04.2021

Тиквеш го доби дербито со КЛ7 за целосна перфекција, Прилеп лесно во Струмица

Дербито на колото во плеј-аут лигата меѓу Тиквеш 2014 и Голден Арт КЛ7 мина во занкот на кавадарчани, кои остануваат единствениот непоразен тим во ова натпреварување. Ракометарите на Тиквеш славеа со 30-27 и дојдоа петата победа во низа која ги зацврсти на врвот на табелата.

Домаќинот го имаше водството во текот на целиот натпревар, поведе со 4-0, позитива ја одржуваше постојано, на другата страна гостите се обидуваа да се вратат во игра, на полувремето намалија на 15-14. Еден гол негатива имаа и во вториот период, но Тиквеш успеа да дојде до пристојна разлика за мирна завршница.

Јанчев и Смиљаниќ заедно постигнаа 17 голови или повеќе од половината на својот тим, кај гостите, Ѓорѓиев имаше девет гола, Симоновски два помалку.

Прилеп ја оправда фаворитската улога против Астрион, на гостински терен славеше со убедливи 25-29. За избраниците на Горан Кузманоски ова беше трета победа во плеј-аутот со која се најдоа на делба на третото место на табелата со Работнички.

Ракометарите на Прилеп пред крајот на првото полувреме успеаја да го урнат отпорот на домаќинот, поведоа со 13-17, а потоа следеше полесниот дел, рутински го одржаа водството и заслужено се радуваа на целиот плен. Чантурија и Тренчевски со по шест погодоци беа најефикасни, на другата страна Јанковски имаше десет гола.

Младост и Работнички одиграа неизвесен натпревар, кој му припадна на домашниот тим, славеше со 24-23 и направи важен чекор кон горниот дел на табелата. На последната средба Јуниор К.В на домашен терен беше совладан од Радовиш со 32-34.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk