logo
logo
logo

TФТ во финишот го совлада Феникс и ја продолжи трката за плеј-офот

Vecer | 17.05.2022

TФТ во финишот го совлада Феникс и ја продолжи трката за плеј-офот

Екипата на ТФТ со одличниот последен период ја совлада екипата на Феникс во „Јане Сандански“ со 58:76 и остана во игра за местата кои водат во плеј-офот. ТФТ беа посконцентрирани од противникот во финишот на мечот кога се кршеше резултатот и на крајот победија. Со оваа победа се искачија на третото место на табелата во Суперлигата, меѓутоа имаат еден меч повеќе од ривалите кои конкурираат за место во плеј-офот Гостивар и Еуроникел.

Николов со 15 поени и Хортон со 14 беа најефикасни кај победничкиот тим, а кај Феникс најефикасни беа Петков со 15 и Митревски со 14 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk