logo
logo
logo

ТФТ на колена пред Еуроникел, Гостивар падна во Аеродром

Vecer | 03.04.2021

ТФТ на колена пред Еуроникел, Гостивар падна во Аеродром

Изненадувачки резултати по првите мечеви во 22. коло во Првата лига. Победата на Еуроникел на гостувањето кај ТФТ не е сензација, но начинот на кој дојдоа кавадарчани е неочекуван. Избраниците на Горан Самарџиев ставија крај на серијата од четири победи на противникот и дојдоа до важни бодови за задржување на второто место на табетала, во „Кале“ славеа со 67-83.

Резултатот вели друго, но текот на мечот беше поинаков. Кошаркарите на Еуроникел заслужено се радуваа, во втората четвртина имаа двоцифрени 16-28, додека на полувремето беше 28-36. Позитивата растеше во последните 10 минути, кавадарчани имаа високи 44-63.

Капитенот Петровски со 17 поени беше прв стрелец, добра партија пружија Рикиќ и Соколов (14 скока) со по 14 поени, на другата страна Смит имаше 19 поени.

МЗТ Скопје 2 му нанесе тежок удар на Гостивар го совлада со 77-72. Двата тима одиграа неизвесен натпревар, првата четвртина ја добија гостите со 15-18, но на другата страна следеше одговор од страна на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои по одморот имаа предност од 47-37. Избраниците на Марјан Србиновски се обидуваа да приредат целосен пресврт, но не беа на ниво на задачата.

Денеска ќе се одигра уште еден натпревар од 22. коло, Работнички е домаќин на Академија ФМП, мечот се игра во 19 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk