Репрезентацијата на Шпанија го освои европското фудбалско првенство совладувајќи ја Англија (2:1) во Берлин.
89. минута - Каква одбрана!
Најпрвин Унаи Симон му одбрани одличен удар на Англичанецот, потоа Дани Олмо со глава го изведе вториот обид на противникот надвор од гол-линијата, а третиот удар кон голот на Шпанија помина покрај голот. Во меѓувреме наместо Џамал влезе Микел Мерино, а судијата посочи дека ќе се игра уште четири минути!
86. минута - ГОЛ, Ојарзабал, 2:1!
Каков напад одиграа Шпанците... Нико Вилијамс од левата страна ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Микел Ојарзабал успеа да се провлече и да го совлада Пикфорд. Моравме да почекаме, но ВАР потврди дека нема офсајд!
Европското фудбалско првенство во 2024 година дојде до самиот крај - последниот натпревар на турнирот ќе го одиграат Шпанија и Англија, а победникот ќе стане новиот владетел на стариот континент.
Тоа e трета титула за Шпанците!
Шпанците се тимот што веројатно покажа најмногу во досегашното натпреварување, откако на патот до финалето ги исфрлија домаќинот Германија и Франција, која важеше за прв фаворит на натпреварувањето.
Од друга страна, Англичаните преживеаја три вистински драми - ја совладаа Словачка по гол во петтата минута од судиското надополнување и пресврт во судиското продолжение, ја избркаа Швајцарија по пенал, а Холандија со пресврт донесен од Оли Воткинс. во 90. минута!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата