logo
logo
logo

Тешка повреда на португалски репрезентативец, го пропушта ЕП 2020

Vecer | 13.04.2021

Тешка повреда на португалски репрезентативец, го пропушта ЕП 2020

Португалскиот напаѓач и член на Вулверхемптон Педро Нето заработи тешка повреда поради која ќе мора да отсуствува долго време. Според информациите на англискиот клуб, Нето има сериозна повреда на чашката на коленото поради која мора да се оперира. Оваа недела ќе биде извршен оперативниот зафат, а паузата ќе трае пет до шест месеци што значи дека со сигурност ќе го пропушти Европското првенство ова лето. Тој би бил подготвен дури за идната сезона.

21-годишниот фудбалер претходно играше за Брага, па малку за Лацио, а Вулверхемптон го купи во 2019 година. За Португалија дебитираше минатата година и на три меча реализираше еден гол.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk