logo
logo
logo

Теренот во Штип е готов: Новиот прволигаш Брегалница ќе го “сефтоса“ на 1 мај против Кожуф!

Vecer | 23.04.2021

Теренот во Штип е готов: Новиот прволигаш Брегалница ќе го “сефтоса“ на 1 мај против Кожуф!

Така е кога имаш агилно раководство на клубот, кое знае што треба да прави и кое знае како тоа треба да го направи. Имено иако се очекуваше реновирањето на теренот на стадионот во Штип да потрае подолг период, па последните два меча во ВМФЛ – ИСТОК како домаќини „сините“ да ги играат на неутрален терен, нема дилеми веќе. Брегалница, која веќе во сабота во Кочани веројатно ќе стави печат на пласманот во ПМФЛ, веќе на 1 мај, против Кожуф својот меч ќе го одигра како домаќин на прекрасниот нов терен на Градскиот стадион под Исарот. Барем така се планира. Се разбира дека и мечот со Тиквеш, на 15 мај, последниот од шампионатот на кој “сините“ и официјално ќе се прогласат за прволигаши, ќе се игра на нивниот стадион.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk