logo
logo
logo

Тер Штеген останува во Каталонија, ама не во Барселона?!

Vecer | 17.01.2026

Тер Штеген останува во Каталонија, ама не во Барселона?!

ФОТО:FC Barselona/FB

Последните вести од Шпанија велат дека голманот Марк -Андре Тер Штеген дека останива во Каталонија, ама не во Барселона. Искусниот германски голман е поблиску до позајмица во Џирона, чии услови веќе ги прифати, па сè што останува е Камп Ноу да се согласи на тоа.
Џирона се покажа како најконкретна во решавањето на агонијата во која се најде искусниот голман, па долгогодишниот голман на мрежата на Барселона би можел да го позајми дресот на многу помал каталонски клуб до крајот на неделата.
Како што беше наведено, Тер Штеген прво би пристигнал на позајмица до крајот на сезоната во Џирона, а Барселона би покривала 90% од платата на голманот, кој би можел да има многу поголема минутажа во новата средина отколку што е случај во тимот на Ханси Флик.
Во исто време, близината на Барселона и Џирона би го држела Тер Штеген под окото на стручниот штаб на каталонскиот гигант, а важна работа е што Германецот би го имал своето семејство блиску до себе, бидејќи со години живее во најголемиот град во Каталонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk