logo
logo
logo

Аталанта „киксираше“ на гостувањето кај Пиза

Vecer | 16.01.2026

Аталанта „киксираше“ на гостувањето кај Пиза

На стартот на викенд Серија А програмата вечерва во дуелот помеѓу Пиза и Аталанта немаше победник. И покрај фаворитската улога на Аталанта, сепак, гостите стигнаа само до ремито од 1:1.

Се што се случуваше на овој меч може да биде собрано во само четири минути. Во 83. минута Крстовиќ ги доведе гостите во 0:1 водство, но и покрај тоа Аталанта сепак, не стигна до трите бода.

За тоа се погрижи Дуросимни кој што израмни во 87. минута и ги постави конечните 1:1.

Со ова Аталанта дојде до 32. бода и седмо место, додека Пиза е претпоследна со 14.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk