logo
logo
logo

Тер – Штеген бил “кртот“ во соблекувалната на Барса?!

Vecer | 20.05.2025

Тер – Штеген бил “кртот“ во соблекувалната на Барса?!

Веќе наголемо се шпекулира дека Барселона ова лето ќе купува голман. Навистина чудно ако се знае дека Марк Андре Тер-Штеген, кој е и капитен на тимот, се врати од повредата, а Војчех Шчесни блескаше на голот оваа сезона иако дојде како замена.

Сепак, како што наведуваат медиумите во Каталонија, Ханси Флик одлучил дека неговиот сонародник не е на тоа потребно ниво, посебно не по враќањето од повредата кога на два меча оваа пролет прими четири гола на средбите против Ваљадолид и Виљареал.

Сепак интересно е тоа што самиот Флик, како и директорот Деко и претседателот Хоан Лапорта, барем според шпекулациите, дека наводно Тер – Штеген бил “кртот“ во соблекувалната на Барса и во негово отсуство не се издавале тајни од тимот.

Инаку се говори дека Барса би сакала да го има голманот на Астон Вила и селекцијата на Аргентина, Емилијано Мартинез или голманот на Еспањол, Хоан Гарсија.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk