logo
logo
logo

Тажни вести од Србија: Почина легендарниот тренер Душан Ивковиќ

Vecer | 16.09.2021

Тажни вести од Србија: Почина легендарниот тренер Душан Ивковиќ

Кошаркарска Европа, но и целиот свет ја потресе тажна вест од Србија. Легендарниот тренер, Душан Ивковиќ починал рано утрово во болница во Белград на 78 години.

„За жал, останавме без Дуда Ивковиќ. Тој почина во 6:50 часот наутро во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови“, соопштија од Раднички, матичниот клуб на Душан Ивковиќ.

Ивковиќ е роден во Белград во 1943 година, тој беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња. Ја предводеше селекцијата на Србија од 2008 до 2013 година, освои сребро на ЕП, додека четврто место на СП.

Својата тренерска кариера ја заврши во 2016 година, ги предводеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Тој освои две титули во Евролига, една со тимот на Олимпијакос во периодот кога настапуваше и Перо Антиќ.

На клупско ниво, покрај Евролигата, беше победник и на Купот „Радивој Корач“, Купот „Рајмондо Сапорта“, УЛЕБ купот. Со своите клубови беше првак на Југославија, Грција и Русија. Во овие земји го освојуваше Купот и Суперкупот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk