logo
logo
logo

Таневски: Честитки за момците, се вратија со победа по оној шокантен пораз од Струга ТЛ!

Vecer | 28.04.2021

Таневски: Честитки за момците, се вратија со победа по оној шокантен пораз од Струга ТЛ!

Александар Таневски своето враќање во Македонија ЃП го почна со победа, и тоа против Пелистер. Триумф на “лавовите“ од 3:0, во меч кој составот на Таневски одигра квалитетно и заслужено освои големи три бода.

Многу важни бодови за нас, сепак сеуште не можам да кажам дека битката за тоа трето место е завршена. Допрва треба да играме со Шкупи и со Шкендија. Но јас сметам дека сме на добар пат да избориме излез во Европа. Денеска одигравме квалитетно, затоа честитки за момците кои се вратија на одличен начин по оној шокантен пораз од Струга ТЛ во неделата. Се она што се договоривме пред мечот на теренот беше исполнето. Мило ми е што се вратив на клупата на Македонија ЃП со победа“ изјави за СПОРТМЕДИА старо – новиот тренер на “лавовите“ Александар Таневски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk