logo
logo
logo

Светскиот првак во Скопје доаѓа со делегација од 35 луѓе, ќе тренира на денот на мечот!

Vecer | 24.11.2021

Светскиот првак во Скопје доаѓа со делегација од 35 луѓе, ќе тренира на денот на мечот!

Оваа недела дефинитивно ќе биде интересна на спортско поле. Во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостуваат две врвни имиња. Утре ќе гостува Пик Сегед во рамките на ракометната Лига на шампиони, додека пак во петок во нашиот главен град гостин е Шпанија.

Актуелниот светски првак е прв противник на македонската кошаркарска репрезентацијата во првата фаза од квалификациите за СП 2023 година. Бранителот на тронот во Скопје ќе пристигна во четврток вечер и тоа со делегација која брои 35 луѓе.

Кошаркарите на Шпанија на денот на мечот, поточно во петок наутро ќе имаат шанса да се запознаат со СЦ „Јане Сандански“, дуелот со Македонија е закажан со почеток во 19:30 часот, билети за истиот се уште има во продажба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk