logo
logo
logo

Супер дерби во Лондон – Челзи до 98 минута губеше 2:3 од Јунајтед и на на крајот победи (видео)

Vecer | 04.04.2024

Супер дерби во Лондон – Челзи до 98 минута губеше 2:3 од Јунајтед и на на крајот победи (видео)

На „Стемфорд Бриџ“ се одигра дерби меч помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед и истиот донесе многу голови и пресврти. „Сините“ имаа водство од два разлика, но гостите свртија и беа пред победа за на крајот домашните со два брзи гола да победат со 4:3.

По првите 19 минути Челзи тргна фуриозно и постигна два гола. Прво погоди Галахер, а потоа Колин Палмер од пенал. Тогаш на Јунајтед му се закануваше катастрофа на „Стемфорд Бриџ“, меѓутоа се издигна и во период од 34. до 39.минута преку Гарначо и Бруно Фернандеш изедначи.

Во 67 минута Гарначо носи комплетен пресврт. И така резулатот не се менуваше се до 10-тата минута од судиското продолжение. Далот направи прекршок во казнениот простор, а судијата покажа пенал за Челзи.

Палмер одново на 11 метри и погоди. Веќе во наредната акција, фудбалерите на Челзи изведоа корнер, Палмер шутира топката удри во еден дефанзивец на Јунајтед и заврши во мрежата за конечни 4:3.
ГОЛОТ НА ПАЛМЕР ЗА 3:3 НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ПАЛМЕР ЗА 4:3 НА ОВОЈ ЛИНК

Супер кам-бек на Челзи во судиското продолжение.

Манчестер Јунајтед го запиша 12-тиот пораз и е на шестото место со 48 бодови. Челзи е на 10-тото место со 43 бода и 12 победи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk