logo
logo
logo

Судиска венчавка: Хауард Веб ја ожени Бибиана

Vecer | 14.04.2021

Судиска венчавка: Хауард Веб ја ожени Бибиана

Славниот фудбалски судија Хауард Веб се ожени со својата германска колешка, Бибијана Штајнхаус. Од 2003 до 2014 година, Веб судеше во англиската Премиер лига. Во 2005 година, англискиот судија беше вклучен во списокот на арбитри на ФИФА.

Тој беше во судиската листа на Светските првенства во 2010 и 2014 година и беше главен судија на финалниот натпревар во Лигата на шампионите 2009/10 меѓу Баерн (М) и Интер.

Штајнхаус стана првата жена судија на која и е доверено работно место во едно од врвните европски првенства – Бундеслигата. Бибиана ја заврши својата кариера како главен арбитер во 2020 година, но продолжува да работи во ВАР.

Венчавката се одржала без гости и сведоци поради ограничувања поврзани со коронавирусот.

„Ние сме неверојатно среќни“, призна Бибиана.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk