Уф, каква партија на Петар Сучиќ, на чудесниот хрватски репрезентативец кој вечерва е херојот на Интер, на клубот кој се пласира во финалето во Купот на Италија само поради Сучиќ.
Имено на првиот меч меѓу Комо и Интер беше 0:0, а вечерва на “Меаца“спектакл. Четата на Цеск Фабрегас одново имаше 2:0 пртов Интер како пред неколку дена во меч пд Серија А. Стрелци вечерва беа Батурина и Да Куња за 0:2. И кога сите мислеа дека Комо ќе направи голема сензација, така не мислеше Сучиќ кој влезе во игра во 60.минута на местото на Зјелински. И прво во 69.минута му асистираше на Чалханоглу за 1:2. Потоа во 86.минута Чалханоглу израмнува на 2:2 по асистенцијата на Сучиќ, за да Хрватот во 89.минута стрела за 3:2 и за пласман на Интер во финалето на Купот.
Секоја чест за младиот Хрват.