logo
logo
logo

Како Леброн: Роналдо наскоро ќе игра заедно со својот син!

Vecer | 21.04.2026

Како Леброн: Роналдо наскоро ќе игра заедно со својот син!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN

И Роналдо како Леброн. Имено Ал Наср ја разгледува можноста за приклучување на Кристијано Роналдо Јуниор, 15-годишниот син на португалската легенда Кристијано Роналдо, во првиот тим следната сезона. Ова го пренесуваат медиумите во Арабија.
Како што е наведено, конечната одлука ќе биде донесена на крајот од тековната сезона, по детална проценка на развојот на младиот играч и неговата потенцијална улога во сениорскиот состав.
Евентуалното унапредување на Роналдо Јуниор се совпаѓа со плановите на раководството поврзани со иднината на неговиот татко, кој има важечки договор со клубот уште една сезона, а челниците на Ал Наср сакаат да го задржат во наредниот период за да го извлечат максимумот од неговите перформанси на теренот.
Ал-Наср моментално е на првото место на табелата на саудиската професионална лига со 76 бода и се смета за еден од главните кандидати за освојување на титулата, а еден од најзаслужните за ова е Роналдо со 26 гола на 30 настапи во сите натпреварувања.
Следната сезона, тој би можел да испише историја, како што направи Леброн Џејмс во НБА кога игра со својот син Брони во дресот на ЛА Лејкерси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk