logo
logo
logo

Суарез не е единствениот играч кој имал тајна клаузула со Атлетико Мадрид

Vecer | 16.02.2021

Суарез не е единствениот играч кој имал тајна клаузула со Атлетико Мадрид

Луис Суарез ова лето стигна во Атлетико Мадрид од Барселона, откако Роналд Куман му соопшти дека нема на смета на него. Овој трансфер за искусниот напаѓач беше полн погодок, тој за кратко време се вклопи во тимот и стана еден од најважните фактори.

Суарез има договор до 2022 година, но шпанските медиуми открија дека има тајна клаузула, поточно уште ова лето може да си замине од Атлетико како слободен играч.

Но, тој не е првиот фудбалер со ваков договор. Давид Виља, кој во 2013 година исто од Барселона дојде во Атлетико, имал тајна клаузула.

Виља тогаш потпиша тригодишен договор и успеа да ја освои Ла Лига и да гигра финале во ЛШ. Тој беше во одлична форма, но сите ги изненади кога само по една сезона си замина бесплатно. Донесе одлука да се проба во МЛС-лигата во тимот на Њујорк Сити. Многумина веруваат дека Суерез нема да донесе исто таква одлука.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk