Аргентинците не само што не одиграа ништо во финалето, туку веднаш по завршување на мечот на “МетЛајв“ со своето однесување и тоа како се “покажаа“.
Имено дивјачкото однесување на аргентинските играчи и тренери го обележа моментот по крајот на финалето на Светското првенство. Шпанија победи со 1-0 по продолженијата со голот на Феран Торес, но заслужената прослава на новите светски шампиони беше засенета од жестоки вербални и физички напади од Аргентинците врз Шпанците.
Прво, Леандро Паредес го зграпчи Ерик Гарсија за вратот, што доведе до тоа Гави да се вклучи во тепачката. Паредес и Тијаго Алмада го соборија шпанскиот играч од средниот ред и го удрија со тупаници. Паредес потоа доби црвен картон за ова.
Сепак, се појави видео од Роберто Ајала (53), легендарниот аргентински дефанзивец и помошник тренер на Лионел Скалони, како го удира Дани Олмо (28). Ајала прво го турка силно Ерик Гарсија, а потоа веднаш го удира поранешниот играч на Динамо во лицето со рака. Олмо не возврати, туку се расправаше со напаѓачот. Инцидентот не беше прикажан во преносот, но видеото се прошири на социјалните мрежи откако го сними навивач од трибините.
por que el raton ayala le pegó una piña a dani olmo jajdjsjsjsj pic.twitter.com/ZNkBpPAcjU
— Peñargrol (@CAPArgento__) July 20, 2026
Срамно…