logo
logo
logo

Според “Комити“: Артим Шаќири сакал да го спаси Вардар преку шпанска компанија!?

Vecer | 15.03.2021

Според “Комити“: Артим Шаќири сакал да го спаси Вардар преку шпанска компанија!?

Лоши денови се во Вардар. Клубот го живее својот најтежок период во својата историја. Нема пари, Вардар е на работ на пропаста, резултати се лоши, клубот оди кон Втора лига.

Само фановите, оние најверните, “Комитите“ се чини дека прават напори нешто да се спаси.

Ина на својата официјална фб страна, токму тие информираат дека пред извесно време Артим Шаќири, некогашната легенда на Вардар и нашата репрезентација, долгогодишен член на нашиот најтрофеен клуб, сакал преку компанија од Шпанија да го спаси Вардар.

Но, никој не реагирал на неговото писмо со намери…

И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за инвестирање во Вардар, преку извесна Шпанска Компанија?

Известени се и во ФК Вардар, известен е и градот Скопје, но никој не го контактирал сеуште. Зошто, имате некое решение или алтернатива?“ ова е информацијата на “Комитите“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk