logo
logo
logo

Спектакл на Бока и Бенфика: Четири гола, три црвени картони, еден пенал и многу тензија (ВИДЕО)

Vecer | 17.06.2025

Спектакл на Бока и Бенфика: Четири гола, три црвени картони, еден пенал и многу тензија (ВИДЕО)

Фото: Boca Juniors @BocaJrsOficial X

 

Феноменален натпревар одиграа екипите на Бока Јуниорс и Бенфика во рамки на Светското клупско првенство, а крајниот резултат беше 2:2. Бока Јуниорс имаше предност од 2:0, но до крајот прими два гола и мораше да се задоволи само со еден бод.

Веќе во 21. минута, Бока дојде до водство – Бланко асистираше, а Мигел Мерентиел го постигна првиот гол. Само шест минути подоцна, повторно топката заврши зад грбот на голманот на Бенфика – Коста асистираше, а Батаља го зголеми водството на 2:0.

Во 45. минута, Ерера доби директен црвен картон надвор од теренот, а три минути подоцна, во судиското надополнување, Ди Марија намали на 2:1 од пенал.

Во 72. минута следуваше многу остар старт – Белоти со копачка удри играч на Бока во глава и доби директен црвен картон. Крајните 2:2 ги постави Отаменди во 84. минута по асистенција од Кокчу.

До крајот на натпреварот, уште еден црвен картон – овој пат за Фигал од Бока Јуниорс поради остар старт.

Кога станува збор за натпреварот меѓу Фламенго и Есперанс, победа однесе Фламенго со 2:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk