logo
logo
logo

Спектакл до спектакл: Познати се термините и сатниците на мечевите од 1/4 финалето во ЛШ!(ФОТО)

Vecer | 19.03.2026

Спектакл до спектакл: Познати се термините и сатниците на мечевите од 1/4 финалето во ЛШ!(ФОТО)

ФОТО: UEFA.COM/X

Зад нас е осминафиналето во Лигата на Шампионите, а пред нас е четвртфиналето. Познати се сите осум екипи во оваа фаза. Ако однапред се знаеја двојките сега веќе се знаат термините и сатниците на сите осум средби. Тука се три екипи од Шпанија, две од Англија а по еден од Германија, Франција и Португалија.

Јасно е дека сите мечеви ќе бидат своевиден спектакл, но сепак еден двомеч предизвикува најголем интерес, а тоа е европскиот класик меѓу Реал Мадри и Баерн Минхен.

Ова се термините за одигрување на средбите од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите:

ПРВИ МЕЧЕВИ

07.04.2026 (вторник) 21 ч

Спортинг – Арсенал

Реал Мадрид – Баерн Минхен

08.04.2026 (среда) 21 ч

Барселона – Атлетико Мадрид

ПСЖ – Ливерпул

РЕВАНШИ

14.04.2026 (вторник) 21 ч

Атлетико Мадрид – Барселона

Ливерпул – ПСЖ

15.04.2026 (среда) 21 ч

Арсенал – Спортинг

Баерн Минхен – Реал Мадрид


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk