logo
logo
logo

Спалети ќе му биде тренер на Елмас во Наполи

Vecer | 29.05.2021

Спалети ќе му биде тренер на Елмас во Наполи

Наполи во наредната сезона ќе биде предводен од искусен стратег. На клупата на клубот од Неапол доаѓа Лучано Спалети, информираат популарните италијански новинари Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо кои не грешат кога станува збор за трансферите во Серија А. Според нив тренерот веќе потпишал договор со Наполи до 2023 година, а наскоро клубот ќе ја објави веста.

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис лично донел одлука да го назначи Спалети на местото на Џенаро Гатузо кој отиде во фиорентина. Де Лаурентус вети искусен и докажан тренер, а исто така вети дека ќе му даде слобода во изборот на фудбалери како и средства за да го засили тимот на одредени позиции.

Спалети претходно го предводеше Интер, но „нероаѕурите“ го отпуштија во 2019 година. И покрај тоа тој се уште беше под договор со сега веќе новиот италијански шампион и добиваше плата. Сега договорот може да биде прекинат за Спалети да го преземе кормилото на Наполи кој заврши на петото место во Серија А и идната сезона ќе игра во Лига Европа.

Спалети работеше уште во Рома, Удинезе, Сампдорија, Венеција, Емполи, работеше и во рускиот Зенит. Зад своето име има куп трофеи со Рома во 2007 и 2008, со Зенит ја освои руската Премиер лига во 2010 и 2012 и Купот во 2010. Два пати беше тренер на годината во Серија А, 2006 и 2007 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk