Селекторот на Италија, Лучано Спалети посака тимот да го продолжи успешниот од во Лигата на нациите кој започна со победи над Франција и Израел во септември. Во четврток „Аѕурите“ ќе играат со Белгија.
„Треба да го продолжиме она што го започнавме во септември. Затоа треба да победиме против Белгија, иако нема да биде воопшто лесно. Играчите се многу добра форма. Можам да кажам дека веќе имам многу интересен состав. Сите покажуваат неверојатна енергија и сакаат да бидат на врвно ниво. Кој од дебитанти е подготвен за деби? Сите се подготвени затоа што се тука и со нас“, прокоментира Спалети кога тимот тргна од базата во Коверчано за Рим, каде утре ќе се игра натпреварот на „Олимпико“.
Дебитанти во тимот се дефанзивците Матео Габиа од Милан и Калеб Околи од Лестер, потоа играчот од средниот ред на Рома, Николо Писили. Во нападот прв настап очекуваат Лоренцо Лука од Удинезе и Даниел Малдини од Монца.
Најискусни се голманот Домарума, дефанзивецот Ди Лоренцо, играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини и напаѓачот Џакомо Распадори.