logo
logo
logo

СП 2026: Мбапе против Халанд, САД сами да бираа немаше да одберат полесна група, супер – дерби во 1.коло!

Vecer | 05.12.2025

СП 2026: Мбапе против Халанд, САД сами да бираа немаше да одберат полесна група, супер – дерби во 1.коло!

ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Откако се одржа ждрепката за групната фаза на СП 2026, јасно е дека сега во следните месеци, до 11 јуни, ќе следуваат анализи, претпоставки, детализирања.

Сепак се знае дека ждрепката сакаше во една група да ги спои Франција и Норвешка, во групата И, каде се тука и Сенегал како и победникот од баражот во кој се Ирак, Боливија и Суринам.

Јасно е дека во преден план ќе биде дуелот меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои заедно со Ламине Јамал веројатно се најспектакуларните фудбалери во светот во моментов.

Јасно беше дека САД, како еден од трите домаќини, ќе има лесна група, ама до толку па, навистина…

И веднаш почнаа теории на заговор. Се чини дека САД сами да бираа не можеа да одберат полесна група. Селекцијата чиј селектор е Маурицио Покетино е во групата Д заедно со Парагвај, Австралија и победникот од баражот во кој се Турција, Романија, Словачка, Косово.

Инаку во 1.коло ќе следиме и супер – дерби, тоа е дуелот од групата Л меѓу Хрватска и Англија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk