Навистина што прават во Реал Мадрид, поточно што прави лекарскиот тим во најславниот клуб во светот?Навивачите на Реал Мадрид, како и спортската јавност, беа во шок откако француските медиуми ја објавија приказната дека медицинскиот тим на кралскиот клуб направил сериозна грешка со прегледувањето на погрешното колено на Килијан Мбапе.
„Лекарите од Реал Мадрид го прегледале погрешното колено кога првпат се случила повредата. Го погледнале десното колено наместо левото и му рекле дека сè е во најдобар ред“, изјави RMC и додаде:
„Тој се врати на натпреварите и тренинзите со повредата и ја влоши дополнително“.
Иако Мбапе ги отфрли ваквите обвинувања, сега угледниот „Л’Екип“носи уште една нестварна приказна. Тоа е Едуардо Камавинга.
Според овој весник, играчот од средниот ред на Реал, исто така, поминал низ сличен проблем.
„Реал Мадрид направил грешка за време на повредата на Едуардо Камавинга, исто како што беше случајот со Килијан Мбапе“, наведува и додава:
„Медицинскиот тим го прегледал десниот глужд на Камавинга, иако тој го повреди левиот на 3 декември“, се вели во него.
Навистина изгледа неверојатно што медицинскиот тим на шпанскиот гигант прави такви грешки. Сепак, прашањето е како фудбалерите не реагираа во овој случај.
Добар број навивачи на кралскиот клуб тврдат дека овие приказни се измислени. Сепак, „Л’Екип“ е сериозен извор за измислување на нешто вакво