logo
logo
logo

Сонот за опстанок се уште живее, Вулверхемптон го изненади шампионот

Vecer | 03.03.2026

Сонот за опстанок се уште живее, Вулверхемптон го изненади шампионот

фото: Wolves (X)

Фудбалерите на Вулверхемптон ја совладаа екипата на Ливерпул со 2:1 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Ова е само третиот триумф за „волците“ оваа сезона, но втор во низа по победата против Астон Вила.

Ливерпул во текот на целиот натпревар беше поконкретен и создаваше многу шанси, но домашните одлично се бранеа и ги одбиваа нападите на актуелниот шампион. Во 78-та минута Гомеш донесе водство за домашните, но само 5 минути подоцна Салах го изедначи резултатот и најави неизвесна завршница. Во последните 10 минути Ливерпул тргна на се или ништо и прими несреќен погодок во 94-тата минута преку Андре.

Со оваа победа Вулвс ја продолжува борбата за осптанок и во моментов има 16 бода, а Ливерпул се наоѓа на 5-тото место и има 48 бодови.

Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва Бормут и Брентфорд ремизираа без голови, Евертон го совлада Барнли со 0:2 и Лидс загуби на свој терен против екипата на Сандерленд со 0:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk