Бразилскиот фудблски гигант Фламенго на својата официјална веб-страница објави дека ја раскинува соработката со главниот тренер Филипе Луис. Заедно со Луис, клубот го напуштија и неговиот помошник Иван Паланко и фитнес тренерот Диого Линхарес.
Под водство на Луис, Фламенго го освои Бразилското првенство, Бразилскиот куп, Бразилскиот Суперкуп и Копа Либертадорес. Тимот, исто така, се натпреваруваше на Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година.
Засега нема информација кој ќе биде неговиот наследник.