Големата трагедија која што ја погоди Турција во текот на вчерашниот ден и разорниот земјотрес кој однесе до во моментов познати 5000 жртви го потресе целиот свет.

Планетата се солидаризира со народот во пријателска Турција и во моментов се обидува да помогне на секој можен начин.

Интернационалецот кој игра во англиски Лестер, Чаглар Сојунчу преку социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден побара интернационална помош, и не ни можеше да замисли како ќе реагираат неговите сограѓани во Англија.

Токму во Лестер населението масовно се мобилизираше на оваа тема, и донираше огромен број на алишта, храна, медикаменти и се што би можело да му се најде на турскиот народ во моментов во погодените подрачја.


sportmedia.mk