logo
logo
logo

Смешна реакција на Лено го „закопа“ Арсенал: Евертон слави во Лондон (ВИДЕО)

Vecer | 23.04.2021

Смешна реакција на Лено го „закопа“ Арсенал: Евертон слави во Лондон (ВИДЕО)

Една катастрофална реакција на голманот на Арсенал, Лено, го реши победникот на воведниот меч од новото коло во англиската Премиер лига.

Фудбалерите на Евертон однесоа голема победа од 1:0 од гостувањето во Лондон против Арсенал, во меч во кој и двата тима повеќе внимаваа на својот, отколку што се обидуваа да го погодат противничкиот гол.

Така дојде и до постигнување на решавачкиот гол во 76. минута. Ришарлисон успеа да се пробие по десната страна, влезе во противничкиот шеснаесетник и од тешка позиција се обиде да бие, го измами голманот Лено, кој со една почетничка реакција дозволи топката низ раце да му помине и да заврши во мрежата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk