logo
logo
logo

Славиша Кокеза поднесе оставка, Видиќ негов наследник!?

Vecer | 22.03.2021

Славиша Кокеза поднесе оставка, Видиќ негов наследник!?

Досегашниот претседател на Фудбалскиот сојус на Србија, Славиша Кокеза и официјално си замина од оваа функција, поднесувајќи си денеска оставка.

По наводите и обвинувањата дека е вмешан во финасиски криминал, Кокеза самиот си замина од претседателското место, а во официјалната изјава која ја даде за медиумите во Србија тој наведува дека се решил на ваков потег поради честа и угледот кој му се рушат во моментов од страна на јавноста.

„Сакам да ја обавестам јавноста, моите соработници, дека од денеска се повлекувам од функцијата претседател на Фудбалскиот Сојуз на Србија. Во желба пред се на репрезентацијата да и овозможам мир, и стабилност пред мечевите, подготвен сум за нова борба, со која ќе направам да ги демантирам сите невистини и напади кои се поврзани со моето име. Славиша Кокеза никогаш не бил и нема да биде лице под сомнение за криминал“ – изјави Кокеза.

Јавноста во Србија паралелно со атаците кон Кокеза за негова смена, со недели го форзира Немања Видиќ за главен фаврит за негов наследник на функцијата претседател.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk